100% ОригиналБесплатна достава над 3.000 ден.Официјална гаранцијаБезбедно плаќање
SaatSaat

Рекламации

Рекламации

 

Рекламација на производ

Доколку не сте задоволни со купениот производ на нашата онлајн продавница или истиот не е неисправен,ве молиме контактирајте со нас на следниот начин:

Испратете ни информации со бројот на нарачката или вашето корисничко име и опис на поплаката по е-пошта на info@saatsaat.shop на телефон 07 78 503 277 или преку социјалните мрежи.

Врз основа на описот на вашата поплака ќе ви одговориме со информации за:

-          дали производот може да се замени за нов

-          дали производот може да се врати

-          дали може да се најде поинакво решение за проблемот

Во случаj кога производот може да се замени за нов и кога може да се рефундираат средства за производот, ние испраќаме на вашата адреса курирска услуга која го собира рекламираниот производ и го враќа во нашиот магацин. Кога производот ќе ни пристигне назад, Ви испраќаме известување за рефундирање на средствата или испраќаме нов производ за замена.
Враќањето или замената за нов производ ќе се изврши во рок од 15 дена,во спротивно контактирајте не преку телефон или е-пошта.
 

Рекламација на оштетувања при транспорт

Важно е да пријавите било каква штета при транспорт, видлива на пакувањето на производот која ја доставува курирот. Купувачот е должен да пријави било каква штета при транспорт во рок од 24 часа од приемот на нарачката.

Доколку забележите штета, не потпишувајте за прием на пратката и побарајте курирот да почека додека не проверите дали оштетувањето на амбалажата предизвикало оштетување на самиот производ или губење на делови.
Доколку производот не е оштетен, а сите делови се нумерирани, потпишете го приемот на пратката.

Рекламација на погрешна пратка или погрешни производи

Доколку сте ја примиле пратката и по отворањето на кутијата сте утврдиле дека испорачаната роба не одговара на нарачаната или информациите на фактурата не се точни, ве молиме јавете ни се на бројот 078 503 277 во рок од 24 часа најдоцна од моментот на прием на пратката или испратете е-пошта со вашите податоци (име, презиме, телефон) на e-mail info@saatsaat.shop и опишете го проблемот што го имате.
Во најкраток можен рок ќе ви одговориме по електронски пат (e-mail) со потврдување на приемот на приговорот и ќе ве информираме за натамошната акција.
Рокот за одговор на претставка е 8 дена,а за решавање на приговор е 15 дена од моментот на пријавување.